Мнучин дополнително заострува тензии со тврдења дека Кина манипулира со валутата

Од:

Кина манипулира со валутата за да обезбеди конкурентност во меѓународната трговоја, смета американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, со што дополнително се заострени тензиите во односите меѓу двете најголеми светски економии.

Кина во изминатите неколку денови ја држи на ниско ниво вредноста на јуанот со големи интервенции на девизниот пазар, се нагласува во соопштение.

Цел на намалената вредност на јуанот е јакнење на конкуретноста во меѓународната трговија со применување нечесни мерки, тврдат во американското Министерство за финансии.

Мнучин нагласува дека во следната фаза ќе се консултира со ММФ „за да се елиминира нечесната конкурентна предност произлезена од актуелните кинески потези“. Со спорните мерки Пекинг воедно прекршил обврска преземена на ниво на Г-20 дека нема да се служи со инструменти на валутната политика за да поттикне конкурентност на економмијата, порачуваат од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците