Мнозинството Британци се против втор референдум за независна Шкотска

Од:

Мнозинството Британци се против организирањето втор референдум за независност на Шкотска, само 2,5 години по првото вакво изјаснување, покажува истражувањето на британската телевизија Скај.

Две третини од анкетираните, или 65 отсто, сметаат дека не треба да има уште еден референдум, 30 отсто се согласуваат со ново изјаснување, а другите пет отсто засега немаат никакво мислење за ова прашање.

Меѓу анкетираните Шкотланѓани, 53 отсто се против нов референдум, а 46 отсто поддржуваат одново да се гласа за идниот статус на земјата.

Истражувањето открива дека доколку сега би се организирал референдум, шкотските гласачи би биле длабоко поделени околу тоа, да гласаат за отцепување од Велика Британија или да останат дел од Обединетото кралство и покрај Брегзит.

Оние кои се за зачувување на сегашниот статус на Шкотска се во тесно водство, но изминатите недели, расте подршката за отцепувањето.

Шкотскиот прв министер Никола Старџен вчера објави дека ќе побара од Парламентот на Шкотска (Холируд) да одобри почнување на процесот за нов референдум за независност.

Според Старџен, повторното изјаснување на шкотските гласачи би се организирало на есен идната година или на пролет во 2019 година.

Британскиот премиер Тереза Меј остро ја осуди ваквата одлука на Старџен и нејзината Шкотска национална партија (СНП) која има апсолутно мнозинство во шкотскиот Парламент.

Меј ја обвини СНП за немање визија за излегувањето на Британија од ЕУ, инсистирајќи дека покренувањето на референдум е „играње политика„ со британската иднина.

Во септември 2014 година, на тогашниот референдум, 55 отсто од Шкотланѓаните се изјаснијаз а останување во Обединетото кралство, најмногу од економскиот интерес на земјата, додека 45 отсто беа за отцепување.

Старџен сега тврди дека иако поминаа само 2,5 години од првото изјаснување, ситуацијата е драстично изменета поради одлуката на британските конзервативци да ја извлечат земјата од ЕУ, на што остро се спротивставува Шкотска.

На британскиот референдум за ЕУ, во јуни минатата година, 62 отсто беа против Брегзит, а само 38 отсто го подржа излегувањето од Унијата.
СНП и Старџен инсистираат дека членството во ЕУ е стратешка определба на Шкотска и за неа неможе да се одлучува во Лондон.

Покренувањето на нов референдум ќе ја добие подршката во Холируд во Единбург, но за почнување со организацијата на референдумот е потребно со тоа се согласи и британската влада.

Меј може да не го прифати решението на шкотскиот Парламент, но со тоа ризикува покренување на уставна криза во време додека ке ги води преговорите со ЕУ за Брегзит. Втората варијанта што и останува на располагање е да оддолжува со одлуката, но со една таква тактика, само ке придонесе за радикализирање на шкотските гласачи и за нивно свртување кон согласноста со отцепувањето од Британија.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски