Мнозинството Британци сакаат да се вратат во Европската унија

Од:

Процентот на Британците кои сметаат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажува денеска објавената анкета на YouGov. Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, наспроти 32 отсто кои сметаат дека е исправна.

Повеќе од половина, 55 отсто, би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата, доколку референдумот се одржи на денот на анкетирањето. Пред нешто повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто би биле против.

Премиерот Риши Сунак во мај рече дека Брегзит носи бенефиции, наведувајќи ја политиката на слободни пристаништа и намалувањето на ДДВ за кои рече дека ќе ги поевтини пивото и санитарните производи.

Економистите велат дека слободните пристаништа, специјалните зони кои содржат даночни и царински олеснувања и поедноставени трговски регулативи, веројатно нема да ја поттикнат британската економија, но може да имаат ограничена вредност како алатка за регионален развој.

Британските деловни инвестиции едвај пораснаа од средината на 2016 година, за разлика од другите напредни економии. Додека економистите кои го поддржуваат Брегзит укажуваат на фактот дека капиталот силно растеше во годините до 2016 година и требаше да забави, деловните анкети укажуваат на Брегзит како една од причините за стагнација.

Анкетата на YouGov во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат Брегзит повеќе како неуспех отколку успех, во споредба со 12 отсто кои го сметаат за повеќе успех.

Би можело да ве интересира

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Орбан: Унгарија е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“