Мнозинството Англичани се против отцепување на Шкотска

Од:

Големо мнозинство Англичани се против отцепувањето на Шкотска и сакаат таа и понатаму да остане дел од Велика Британија,покажува истражувањето што ова лето е направено на територијата на Англија.

Дури 59 отсто од учесниците во анкетата сакаат англо-шкотската унија,која е стара повеќе од 300 години и понатаму да опстане и да продолжи да функционира.

Само 19 отсто од анкетираните Англичани се согласуваат со отцепувањето на Шкотска. Референдумот за независност на Шкотска ќе се одржи на 18 септември.Според последните мерења на расположенитео на шкотските гласачи,мнозинството е против напуштањето на Велика Британија.

Две третини од Шкотланѓаните,наместо целосна независност,повеќе сакаат да се добијат поголеми овластувања за Парламентот во Единбург и тоа во делот на фискалната политика и определувањето на даноците,што сега е во надлежност на Вестминстер. Истражувањето за „иднината на Англија“ што е правено паралелно со подготвовките за шкотскиот референдум,меѓутоа.открива дека Англичаните сметаат оти е време за преуредување на унијата, по кое секој би си ја гледал својата работа и би водел грижа за сопствените состојби.

Според ова истражување,доколку за помалку од еден месец,мнозинството Шкотланѓани се определат против независноста и земјата остане дел од Велика Британија,големо мнозинство гласачи во Англија се согласуваат да и се намалат на Шкотска буџетските трошоци, што сега се покриваат од „заедничката каса“.

Исто така,Англичаните веруваат дека треба да им се забрани на шкотските пратеници да гласаат во британскиот Парламент за законите кои исклучиво се однесуваат за Англија и ќе се применуваат на нејзината територија. Ова истражување значи покренување на „Англиското прашање“ кое не е новина во британската политичка јавност.

Тоа се отвори со законот за деволуција од 1998 година,со кој по три века,се обнови работата на Парламентот на Шкотска,а се создадоа Собранија на Велс и Северна Ирска.

Парламентот во Единбург и неговите пратеници избрани во Шкотска,од тогаш,одлучува за сите работи кои се однесуваат за земјата,освен за надворешната,одбранбената и данопната политика.Се поголеми овластувања имаат и вешкото Собрание, кое сега има и законски надлежности и Стормонт во Белфаст,додека англиските работи и натаму останаа во надлежност на британскиот Парламент.

Само Англија нема свој,посебен Парламент и влада,па за законите кои се однесуваат за англиски работи,во британскиот Парламент гласаат сите пратеници,избрани во сите делови на Обединетото Кралство,додека пратениците од Англија немаат никакви овластувања да гласаат за шкотските,велшките или северноирските локални прашања. Ваквата состојба во изминатите години предизвика појавување на „радикални“ барања за основање (или за обнова) на англискиот Парламент,или барем за одземање на правото на британските пратеници од Шкотска да гласаат за „англиските закони“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он