Многу држави би можеле да останат без интернет

Од:

Забраната на интернетот стана заштитен знак на скоро секој диктатор чија власт се ближи кон крајот. Така беше во Либија, Египет, сега и во Сирија.

Судејќи според новото истражување што го спроведе компанијата за надгледување на мрежи Ренезис, ова би можело да се случи и во многу други земји, вклучувајќи ги Германија, Јемен и Етиопија.

Шеесет и една земја земја во светот има еден или два провајдери кои ги поврзува со Интернетот.

“Доколку сте доволно мало место, скоро е неизбежно дека ќе поседувате толку малку интернет па неговото гасење е исто како гасењето на светлото во собата”, изјавил Џејмс Кови, шеф на технологија во Ренезис.

Од друга страна, повеќе до 30 земји, како Америка и Холандија, поседуваат преку 40 провајдери и нив е скоро невозможно да ги исклучат.

Што некоја земја ја прави лесна за укинување на интернетот?

“Во прашање е висок степен на централизација и многу мала конкуренција. Тоа се местата кои природно, или организациски, преку одредени регулативи и закони, го оневозможуваат постоењето на голем број на провајдери”, изјавил Кови.

Гренланд секако се вклопува во овој шаблон.

“Гренланд сигурно би сакале да имаат поголема разноликост, но природата на Гренланд и цената на воспоставувањето на интернетот ги ограничуваат на многу мал сет на провајдери”, додал Кови.

Од друга страна, премногу зачудувачки, Авганистан не е во голема опасност од губење на интернетот.

Според Кови, Авганистан некогаш имале голема покриеност. Таа не била добра, но кога по војната беше целосно уништена, новата мрежа се оформи поврзувајќи се со различни региони на Пакистан, Иран, Узбекистан и Туркменистан.

“Авганистан, кој е во средина, го купува својот интернет од сите нив. Владата во Кабул веќе не може да го исклучи така лесно”.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска