ММФ: Пад на светскиот БДП поради трговската војна помеѓу САД и Кина

Од:

Од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) укажуваат дека светскиот БДП може да се намали за 0.3 отсто во 2020 година како последица на трговската војна помеѓу САД и Кина.

Ова се дознава од најновиот извештајот објавен пред средбата на министрите за финансии на Г-20 која треба да се одржи на 8 и 9 јуни во Јапонија.

Притоа, од ММФ истакнуваат дека „притисокот во меѓународните односи може да остане или да се засили“.

-Новите (двострани) царини воведни од САД и Кина, најверојатно ќе ја ослабат трговијата и ќе доминират над финасиските пазари. Нивното вијание е негативно на инвестициите, производителноста и растежот, наведуваат експертите од фондот.

Трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот продолжува. На средбата викендов преговори за тоа ќе водат министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин и претседателот на Нардоната банка на Кина, Иј Ган.

Претходно, Светската банка (СБ) објави извештај каде ја корегираше проценката за растеж на светската економија во 2019 година, од 3 отсто на 2.6 отсто. Притоа, сметаат во СБ, глобалниот економски растеж во 2020 година ќе биде 2.7 отсто.

Како причини за ова се наведуваат влошување на прогнозите со светскиот тренд на воведување трговски бариери, финансиски „потреси“, како и нагол пад на економиите во повеќе водечк земји.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД