„Млечен“ спор на Русија и Литванија

Од:

Русија забрани увоз на млеко и млечни производи од Литванија, со што првпат, по подолго време влезе во потенцијален трговски спор со некои членки на ЕУ. Одлуката е донесена во пресрет на претстојната антимонополска постапка против рускиот „Газпром“, што ја најави Брисел.

Руската Влада утрово ги суспендираше дозволите за увоз на литванско млеко и млечни производи, по извештајот на Агенцијата за заштита на потрошувачите во кој се изразува загриженост за квалитетот на производите од балтичките земји.

Одлуката, меѓутоа, е очекувана како политички мотивирана бидејќи Москва го предупреди Вилнус дека ќе преземе мерки против Литванија затоа што како претседавач на ЕУ за целта на своето претседавање постави зближување со поранешните советски републики кои се членки на Царинскиот сојуз со Русија. Официјален Брисел се уште не се изјасни за спорот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски