Млад човек со автомобил уби пет лица во Кина

Од:

Кинеската полиција уапси маж кој со својот автомобил влетал во пешаци во Гуангжу, убивајќи пет, а ранил 13. Инцидентот предизвика бес кај пошироката јавност, а многумина го обвинуваат дека намерно удирал луѓе со своето возило.

Полицијата го приведе 22-годишниот возач на автомобил и поведе истрага. Несреќата се случила вчера за време на вечерниот шпиц на фреквентна раскрсница во јужниот кинески град со 19 милиони жители. Ова не е прв ваков инцидент што се случил во Кина, пишува Би-Би-Си.

Во февруари 2022 година, возач на мини-камион прегази луѓе во јужната провинција Фуџијан, убивајќи тројца, а повредија девет. На почетокот на неделава, гостин на хотел во Шангај намерно удрил со својот автомобил во лобито на хотелот по расправија со персоналот. Во инцидентот нема повредени.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија