18-годишен маж се самозапали пред американската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, соопшти полицијата.
Данскиот државјанин е пренесен во болница и е свесен, објави полицијата на Твитер. Неговата состојба е стабилна, објавија медиумите.
Данската новинска агенција Рикау објави дека персоналот на амбасадата во областа Остербро ја известил полицијата за инцидентот утрото.
Засега не се познати причините за чинот на младиот човек.