Престрелка во Копенхаген: Ранети двајца полицајци и еден цивил

Од:

Во престрелка во Копенхаген повредени се двајца полицајци и еден цивил, информира денеска данската полиција, која подоцна и го уапсила напаѓачот.

Инцидентот се случил во Кристијанија, делот од Копенхаген, каде жителите прогласиле христијанско автономно подрачје.

Полицијата соопшти дека едниот полицаец е ранет во главата од огнено оружје,а вториот во нога, додека цивилот се здобил со прострелна рана во надколеницата.

Повредениот цивил има „странско потекло“, соопшти полицијата и додаде дека тој бил во контакт со полицијата и дека нема роднини во Данска.

Врз полицајците било пукано додека ги извршувале своите рутински задачи во Кристијанија, наведе полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Млад човек се самозапали пред американската амбасада во Копенхаген

Оставка на градоначалникот на Копенхаген по обвинувањата за сексуално вознемирување

Жарко Настоски

Копенхаген: Кралскиот град со комуна без струја, асфалт и марихуана низ дворовите

Емир Латифовиќ