Мишел во Одеса за денот на Европа

Од:

Претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денот на Европа го одбележа во градот Одеса во Украина, каде се сретна меѓу другото со украинскиот премиер, Шмихал, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од кабинетот на Мишел велат дека посетата на Одеса е “натамошна демонстрација за непоколебливата солидарност на Европската Унија со народото на Украина во нивната борба против руската агресија.„

Претседателот Мишел на лице место ги увидел „последиците на војната на Русија врз глобалните ланци на снабдување“, велат од неговиот кабинет, на пристаништето се запоставени “многу тони жито„ поради руската блокада на Црното Море, што нанесува штета на капацитетот на целиот свет да има пристап до храна и се загрозува прехранбената безбедност на глобално ниво, брифираат од Европскиот Совет.

Шарл Мишел бил информиран од страна на шефот на украинската морнарица, а за време на овој состанок почнале удари со проектили поради што претседателот и неговите соговорници морале да се засолнат, велат од Европскиот Совет.

Со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се наоѓа во Киев, Мишел разговарал преку видео врска, тие разговарале за хуманитарната, економската и воената помош од ЕУ.

За Европскиот Совет е важно сега и да и се помогне на Украина да се справи со недостигот од ликвидност, а станало збор и за Фондот за солидарност за Украина, чија цел е да помогне во реконструкцијата на земјата, преку инфраструктурни проекти и структурни реформи за да напредува Украина на својот пат кон ЕУ.

На Твитер Мишел напиша дека дошол во Одеса да го одбележи денот на Европа, градот за кој Пушкин рекол дека таму “може да ја почувствувате Европа“.

-И каде што денес украинскиот народ ги штити своите споменици од куршуми и ракети и нивната слобода од руската агресија. Не сте сами. ЕУ стои до вас, напиша Мишел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски