Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Од:

Европската унија има намера да ја ограничи трговијата со дијаманти од Русија како дел од новиот пакет санкции насочени против Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Ќе ја ограничиме трговијата со руски дијаманти, изјави Мишел пред почетокот на самитот на Г7 во Хирошима и додаде дека разговорите за следниот пакет санкции се уште се во тек, пренесува Тасс.

Тој, сепак, избегна да одговори на прашањето дали белгиската влада дала конечно одобрение за заострување на санкциите поврзани со руската трговија со дијаманти.

Тој посочи дека ЕУ ќе продолжи со воена, политичка, хуманитарна и финансиска поддршка за Украина.

Претходно беше објавено дека Владата на Велика Британија ќе забрани руски дијаманти, како и увоз на руски бакар, алуминиум и никел.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија