На министрите за надворешни работи на државите членки на Европската унија денеска ќе им се придружат и колегите министри за внатрешни работи за да се разговара за најновата трагедија со имигрантите во Средоземното Море.
Министрите ќе имаат состанок во Брисел на кој ќе присуствува и комесарот на ЕУ за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос во обид да се пронајде решение за бранот човечки жртви во водите на Средоземното Море при обиди Северноафриканци да дојдат на европско тло.
Од средината на минатата недела спасени се повеќе од 11.000 имгранти. Лани италијанската морнарица спаси 170 илјади имигранти.