Министерот за здравство, Саџид Џавид е позитивен на Ковид-19, но поради примените две дози вакцина имал само слаби симптоми.
Џавид кој функцијата ја презеде минатиот месец изјави дека се чувствувал исцрпено и направил тест доцна синоќа. Резултатот бил позитивен. Тој објави дека ќе биде во изолација.
Вчера во Велика Британија беа регистрирани повеќе од 50 илјади нови случаи што е највисока бројка од средината на јануари годинава.
This morning I tested positive for Covid. I’m waiting for my PCR result, but thankfully I have had my jabs and symptoms are mild.
Please make sure you come forward for your vaccine if you haven’t already. pic.twitter.com/NJYMg2VGzT
— Sajid Javid (@sajidjavid) July 17, 2021
„Благодарен сум што сум вакциниран и симптомите ми се слаби“ – рече Џавид во видео обраќање објавено на Твитер.
Тој ги повика Британците да се вакцинираат најбрзо што можат.