Милијардерот Ханс Раусинг призна дека ја криел смртта на неговата сопруга

Од:

Шведскиот милијаредер-наследник Ханс Кристијан Раусинг, кој постојано живее во Велика Британија, призна денеска на судењето во Лондон дека е виновен за попречување на законски задолжителниот и достоинствен погреб на неговата почината сопруга Ева Раусинг.

Нејзиното мртво тело беше откриено од полицијата на 9 јули во вреќи за ѓубре во нивната петокатна и скапа куќа во луксузниот лондонски кварт Белгревија.

Полицијата веруваше дека жената била ртва една недела пред да биде откриено нејзиното тело, но на денешното судење се слушна дека Ева Раусинг најверојатно починала два месеци порано. Не се знае се уште која е причината за нејзината смрт, ниту зашто нејзиниот сопруг не соопштил дека таа е мртва.

Брачната двојка Раусинг беа долгогодишни зависници на дрогата. Тие беа во брак веќе 20 години, во кој имаат четири деца, а се запознале во еден американски центар за рехабилитација на зависници.

Смртта на Ева Раусинг беше откриена при претресот што го направи лондонската полиција на нивната куќа, барајќи дрога откако Ханс Раусинг беше уапсен за возење автомобил под дејство на дрога и алкохол.

Пресудата на сопругот Раусинг ќе биде соопштена подоцна.

Ханс Кристијан Раусинг е наследник на богатството стекнато од шведската бизнис империја „Тетра-Пак“, што се проценува на 6,5 милијарди фунти. Само делот на Ханс и Ева Раусинг изнесува четири милијарди фунти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв