Милициите „Аш Шабаб“ размислуваат за формирање сојуз со Исламска држава

Од:

Вооружената сомалиска исламистичка група „Аш Шабаб“ го разгледува прашањето да формира сојуз со Исламска држава, иако не сите нејзини команданти се согласуваат да го напуштат нивниот сегашен сојузник, Ал Каеда.

Групата  размислува дали да го следи примерот на нигериските џихадисти од „Боко Харам“ и да ги обедини своите сили со Исламска држава, наведуваат добро информирани извори.

Но, иако Исламска држава смета дека е поуспешна од сегашниот сојузник на „Аш Шабаб“, терористичката мрежа Ал Каеда, не сите во
сомалиската организација се подготвени да ги сменат своите сојузници.

-Имаше кавги меѓу нашите лидери дали да се приклучиме кон Исламска држава или да останеме под раководството на Ал Каеда, изјави високо позициониран командант на „Аш Шабаб“, кој посакал
анонимност.

„Се уште сме во ќорсокак“, изјави  изворот, кој неодамна за ДПА телефонски се јави од непознато место во јужниот сомалиски регион Средна Џуба.

„Аш Шабаб“, што на арапски јазик значи „Младина“, беше создадена во 2006 година. Првично многумина сметаа дека групата носи закон и ред во реоните под нејзина контрола. Но, набрзо таа ја загуби популарноста заради отфрлањето на западната помош во храна за време на гладта во 2011 година.

Жестоките настапи на милициите, како обезглавувањето христијани и нападите врз умерените исламски светилишта, исто така, воопшто не го подобрија имиџот на организацијата.

Групата, која учествува во војната што ги однесе животите на илјадници луѓе, практично веќе ги загуби сите поважни мали градови, од кои беше потисната од армијата на Сомалија и силите на Африканската унија. Но, таа се уште има власт во селските реони во јужниот и во централниот дел на земјата од Африканскиот рог.

„Аш Шабаб“ се почесто ја менува својата тактика и од конвенционални воени активности преминува кон самоубиствени атентати и други форми на градски тероризам, напаѓајќи владини згради во Могадишу.

Организацијата се обидува да излезе и на светската сцена, организирајќи нови атентати во соседна Кенија, откако во 2013 година уби приближно 70 лица во супермаркет во Најроби.

Се смета дека „Аш Шабаб“ уште во 2012 година ја донеала одлуката да коалицира со Ал Каеда, пред се, заради својата слабост во воениот аспект од делување. Одлуката ја донел Ахмед Годане, лидерот на „Аш Шабаб“, кој лани беше убиен во напад на американски беспилотен авион.

Аналитичарите тврдат дека новиот лидер Ахмед Умар Абу Убајда Исламска држава ја доживува како поветувачки сојузник. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска