Мијатовиќ: Европа да ја прекине соработката со либиската крајбрежна стража

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ги повика европските земји да ја прекинат соработката со либиската крајбрежна стража сé додека не се обезбедат јасни гаранции за почитување на човековите права во земјата, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Земјите членки на Советот на Европа итно треба да ги преиспитаат своите активности и практики на соработка со либиската крајбрежна стража. Овие активности мора да бидат прекинати додека не се обезбедат јасни гаранции за целосно почитување на човековите права, истакна Мијатовиќ во денеска објавениот извештај.

Портпарол на Високиот комесар на ОН за човекови права ги опиша условите за притвор на мигрантите и бегалците во Либија како „ужасни“. Тој дури споменува и сомневања за исчезнувања и трговија со луѓе.

– Луѓето преземени од страна на либискиот крајбрежна стража се вратени во Либија и систематски се притворени, а потоа се подложени на тортура, сексуално насилство, изнудување и други сериозни прекршувања на човековите права, наветува Мијатовиќ.

Засега нема официјални податоци за бројот на мигрантите, честопати илегалци, присутни во Либија, земја на транзит кон европското крајбрежје за илјадници Африканци, но тие се проценуваат на неколку стотици илјади.

Благодарејќи на контроверзните спогодби, а потоа и на одлуката на Рим да ги затвори своите пристаништа за бродови кои спасиле мигранти во море, Италија регистрира дека драстично се намалува бројот на пристигнувања на нејзините брегови од средината на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании