Мијатовиќ: Дополнително нарушување на медиумскиот плурализам во Русија со новиот закон

Од:

Руските власти мора внимателно да се осврнат на предложените законски измени за сопственичката структура на медиуми, побара денеска Дуња Мијатовиќ, Претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите.

Вчера Државната Дума во прво читање ги одобри амандманите на Законот за мас-медиумите, со кои странскиот сопственички удел во медиумите ќе се ограничи на 20 отсто. Сегашното ограничување е 50 отсто и главно се однесува на телевизиите и радијата, но новите амандмани ќе се однесуваат на сите медиуми, вклучувајќи ги и печатените изданија и онлајн-медиумите.

– Се надевам дека предложените измени нема да донесат ризик за плурализмот на медиумите и нема да ја ограничат разноликоста на ставовите. Секоја законодавна измена, посебно во вакво чувствително поле како слободата на медиумите, мора внимателно да се изготви и да се оцени, вели Мијатовиќ.

Претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите вели дека новиот закон не смее да ги концентрира идеите и информациите во рацете на политичките елити, со што би се нарушила контролорската улога на новинарите во општеството.

Мијатовиќ во Варшава учествува на состанокот на ОБСЕ за остварување на хуманата димензија.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов