Мигранти по две седмици се истоварија на Сицилија

Од:

Мигрантите, кои речиси две недели беа принудени да останат на бродот кој ги спаси, недалеку од брегот на Либија, денеска се истоварија на Сицилија.

Бродот „Си воч 3“ на германска хуманитарна група е закотвен во Катанија и од него излегоа 47 лица, вклучувајќи и 15 деца, кои хуманитарните работници ги спасија на 19 јануари.

Мигрантите потоа се качија во автобуси, кои ги превезоа до засолништа од каде што ќе можат да аплицираат за азил.

Вторпат во текот на месецот „Си воч 3“ беше принудена да помине неколку дена на море додека земјите на Европската унија разговараа за тоа кој ќе ги прими мигрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години