Мичиген најави неофицијални резултати од изборите до крајот на денот

Од:

Мичиген, една од клучните американски држави што ќе одлучат за победникот на претседателските избори, и натаму пребројува илјадници гласачки ливчиња.

– Неофицијални резултати се очекуваат до крајот на денот, изјави државната секретарка Џослин Бенсон.

Во изјава за Си Ен Ен таа рече дека преостанува да се пребројат уште околу 100.000 гласови и оти појасна слика ќе има до крајот на денот, по локално време. (Мичиген е шест часа зад македонско време).

Според податоците на Си Ен Ен, по преброени 92 отсто од гласовите, води кандидатот на Демократската партија Џо Бајден со 49,5 отсто наспроти републиканецот Доналд Трамп со 48,9 проценти.

Мичиген носи 16 електорски гласови. Според Си Ен Ен, бајден засега има 227, а Трамп 213 електорски гласови. За победа се неопходни 270.

Би можело да ве интересира

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД

Ана Ололовска