Мешаал: Трајното примирје треба да доведе до кревање на израелската блокада од Газа

Од:

Секое трајно примирје во Појасот Газа треба да доведе до кревање на израелската блокада од палестинската територија, изјави Халед Мешаал, лидерот на исламистичкото движење Хамас кое ја контролира енклавата.

Во ексклузивното интервју за агенцијата Франс прес, кое го даде синоќа од катарската престолнина Доха, каде живее, Мешаал изјави дека вчера договореното ново 72-часовно примирје „е едно од средствата или тактиките наменети за постигнување успех во преговорите или за доставување хуманитарна помош“.

Истовремено, тој подвлече дека привремената спогодба треба да е прiлагодена кон едно трајно примирје, кое ќе ги задоволи палестинските барања, вклучувајќи го и она за кревање на блокадата на Појасот Газа.

– Доколку, меѓутоа, Израел ја продолжи својата агресија, Хамас и останатите палестински фракции се подготвени да дадат отпор како на борбеното поле, така и на политички план – предупреди Мешаал.

Еден од членовите на палестинската преговорачка делегација во Каиро потврди дека палестинските групи ќе го почитуваат новото 72-часовно примирје, откако Израел го прифати без претходни условувања, пренесоа британските медиуми.

– Не сме се откажале од нашите барања, кои вклучуваат кревање на израелската блокада на Појасот Газа и ослободување на палестински затвореници – подвлече Изат ар Решик, претставникот на Хамас во делегацијата.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно