МЕРС убил 107 лица во Саудиска Арабија

Од:

Бројот на смртни случаи, кои што се предизвикани од респираторен синдром МЕРС, во Саудиска Арабија се искачи на 107, соопштија официјални лица.

Здравствените институци во државата објавија дека се откриени уште 16 заразени лица, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи се зголеми на 361 лица, пренесуваат агенциите.

Оваа болест за чие што потекло не се знае речиси ништо, е откриена во септември 2012 година. Загриженоста на јавноста поради ширење на МЕРС дополнително се зголеми, откако најмалку четири лекари дале оставка во болницата Крал Фахда во Џеда, бидејќи претходно одбиле да ги лекуваат пациентите поради страв од инфекција.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Саудијците ослободија Американец кој беше осуден на 19 години затвор поради твитови