Меркел: Путин нема да биде поканет на средбата на Г-7 во Баварија

Од:

Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г-7, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.

– Г-7 и поранешната група Г-8 отсекогаш се сметале за заедница, основана на вредности, изјави Меркел во интервју за „Франкфуртер алгемајне“.

– Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности, додаде таа.

– Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г-7 во Баварија во јуни, истакна канцеларката.

Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски