Меркел најави уште построги мерки, Германија останува во карантин најмалку до крајот на месецов

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва соопшти дека со премиерите на сојузните држави договорила „заклучувањето“ во целата земја, воведено заради сузбивање на епидемијата на коронавирусот, да биде продолжено до 31 јануари.

Меркел, исто така, рече дека ќе има построги ограничувања на социјалните контакти и дека овие мерки ќе бидат исти како досега најстрогите, воведени на почетокот на пандемијата во март минатата година.

Како што рече канцеларката, учесниците на состанокот повикале на воведување нови ограничувања на движењето во области со особено висока стапка на инфекција.

Меѓу мерките кои ќе се воведат е ограничувањето на движењето на радиус од 15 километри во градовите и регионите во кои има голем број заразени, а на јавните места ќе биде дозволено да бидат заедно само две лица, доколку живеат во различни домаќинства.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД