Меркел подготвува терен за истополови бракови во Германија

Од:

Германски парламентарци вршат силен притисок врз канцеларката Ангела Меркел за брзо гласање во Бундестагот на кое треба да се легализираа истополовите бракови, јави дописникот на МИА од Берлин.

Притисотот е зголемен откако таа за геј браковите предпочита „одлука на совеста“ што беше изненадување за јавноста затоа што нејизните сопартијци од конзервативната ЦДУ и сестринската баварска ЦСУ беа против.

По изјавата на Меркел на социјалните мрежи се води остра дебата за легализацијата на истополовите бракови кои што се веќе реалност во Холандија, Франција, Шпанија и Велика Британија.

Во дебата за германскиот магазин „Бригите“ Меркел, која што, предходно се противеше партнерската заедница која што сега е легална во земјата да прерасне во брачна заедница со сите права и обврски како и браковите меѓу различни полови, изјавила дека се работи за лична работа и дека нејзината партија ќе реагира различно за ова прашање кое што ја преокупира.

Дел од пратениците од другите партии бараат расправа за легализацијата на истополовите бракови во текот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче