Пандемијата на коронавирусот е предизвик за демократијата и бара важни одлуки кои понекогаш доведуваат до ограничување на основните слободи на граѓаните.
Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за списанието ДБ Мобил.
– Оваа пандемија е предизвик за демократијата. Ограничувањето на заштитените права од страна на Владата и провинциите е една од најтешките одлуки за време на мојот мандат како канцеларка, призна Меркел.
Според неа, на крајот на 2019 година, таа не можела ни да замисли дека пандемијата ќе стане толку сериозен предизвик за земјите, нивните општества и економии.