Меркел, Оланд и Порошенко: Потребен е прекин на огнот

Од:

Лидерите на Германија, Франција и Украина изразија уверување дека за мирно решавање на украинската криза се потребни прекин на огнот од двете страни и ослободување на заложниците.

Од канцеларијата на Порошенко соопштија дека Ангела Меркел, Франсоа Оланд и Петро Порошенко во телефонски разговор укажале дека понатамошните чекори подразбираат повлекување на војската и тенковите, во рамки на Меморандумот од Минск, кој беше потпишан на 19-ти септември минатата година.

Како што пренесе „УНН“ тројцата лидери укажале дека трилатералната Контакт група е оптимален формат на преговори за мирно решавање на кризата и имплементација на договорот од Минск.

Меркел и Оланд во разговорот за состојбата во Доњецкиот басен и начин за нејзино решавање, му дале уверување на Порошенко да се подготви за понатамошна координација на напорите заради продолжување на дијалогот во рамки на „Нормандскиот квартет“ на највисоко ниво.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко