Меркел: Неопходно е „репозиционирање“ на ЕУ во светот што се менува

Од:

Европската Унија треба да се „репозиционира“ во современиот свет што се менува, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“.

Таа оцени дека се потребни нови аргументи за опстојување на обединета Европа, бидејќи „седумте децении мир повеќе не се доволни за оправдување на ЕУ“.

– Нема сомнеж дека Европа мора да ги менува своите позиции во променетиот свет, додаде германската канцеларка.

Меркел при тоа го поздрави единството на водечките земји во ЕУ околу прашањето за Иран, нагласувајќи дека Германија, Франција и Велика Британија решиле да заземат поинаков пристап од САД, за разлика од пред 16 години кога европските држави беа поделени во врска со војната во Ирак.

– Тоа што Европа повеќе не е поделена околу ова важно прашање, како што беше случај со војната во Ирак, претставува вредност сама по себе, смета Меркел.

Таа во интервјуто признава дека со францускиот претседател Емануел Макрон „се борат“ политички и имаат различни ставови, но на крајот сепак успеваат да најдат компромис и да соработуваат.

– Секако дека се бориме еден против друг, изјави Меркел, додавајќи дека сепак и покрај различните гледања и сфаќања на работите, Берлин и Париз сосема природно се согласуваат за важните прашања.

Меркел смета дека претстојните избори за Европскиот парламент се од голема важност за иднината на ЕУ, нагласувајќи дека тоа „ќе бидат посебни избори“.

– Многу луѓе се загрижени за Европа, а тука се вклучувам и себе си. Тоа значи дека се чувствувам уште по одговорна заедно со другите да обезбедам иднина за Европа, заклучува Меркел во интервјуто за „Зидојче Цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески