Меркел на Самитот на ЕУ ќе предложи намалување на претпристапната помош за Турција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на претсојниот Самит на Европска унија ќе предложи намалување на претпристапната помош на ЕУ за Турција, изјавија неименувани владини претставници.

Тие додадоа дека и покрај тоа што Меркел ќе предложи намалување на помошта за Турција, додека евентуалната одлука за стопирање на преговорите за членство ќе треба да биде поддржана од 28 земји-членки.

Меркел за време на предизборната кампања ветуваше дека ќе стави крај на преговорите со Турција, но мала е веројатноста да биде постигнат консензус за тоа прашање.

– Сепак не се очекува целосно запирање на претпристапната помош за Турција, која изнесува околу четири милиони евра. Можно е да биде преструктуирана исплатата, така што ќе бидат фокусирани за засилување на граѓанското општество.

Самитот на ЕУ ќе се одржи утре и в петок во Брисел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија