Меркел мора да стави крај на ѓаволскиот пакт со САД

Од:

Шпигел – Хамбург

Што е многу, многу е. Шпионирањето на Америкацните во Германија го убива пријателството меѓу државите. По последните откритија за следењето на германската Влада и медиумите од страна на САД, крајно време е канцеларот Ангела Меркел да направи нешто против ова систематско шпионирање.

Германско-американското пријателство повеќе не постои. Можеби останало меѓу граѓаните од двете земји, но не и меѓу владите. Можеби отсекогаш било илузија, можеби САД се повлекле со текот на времето. Но, она што ги поврзува денес овие две нации не може да се смета за пријателство.

Отвореноста и фер односот се дел од суштината на едно пријателство кога станува збор за заедничко почитување и доверба. Четврт век откако САД помогнаа германскиот народ да се обедини во национално единство, малку останало од тоа пријателство.

Новиот документ од Викиликс, покажува дека НСА систематски шпионирала голем дел од германската Влада. Американските шпиони не ги прислушувале само приватните разговори на канцеларот Ангела Меркел за чувствителните политички прашања. НСА исто прислушувала министри, министерски кабинети и други владини агенции.

Ниту новинарите не им се свети на Американците – барем не оние во Германија. Американските шпиони мониторирале барем еден колега од „Шпигел“ во Берлин – шпиони кој претставуваат земја која себеси се смета за гарант на слободата на печатот, еден од камен темелниците на либералната демократија.

Денес знаеме: пријателските насмевки кои ги носеа домаќините на Ангела Меркел во Вашингтон сите овие години биле сосема нечесни.

Единаесети септемрви не е доволен изговор за сето она што се измести. Терористичките напади беа страшни и тоа беше пресврт и за САД и за светот. Разбирливо е дека Администрацијата во Вашингтон верува дека им е потребно да ја заштитат својата земја против идни напади. Како што и на семејствата и на пријателите им е потребна поддршка откако ќе минат низ ненадејно и трауматично искуство, така и сојузниците беа подготвени да ја покажат својата поддршка за нивните американски пријатели.

Но, она што беше откриено во јавноста нема никаква врска со нападите од 11 септември и со борбата пторив тероризмот. САД почнале систематски да ја шпионираат германската Влада најмалку од 1999 година (можеби и од порано); со други зборови, две годни пред нападите во Њујорк и Вашингтон. Прашање дали одделот за риболов во германското Министерство за земјоделство, кое НСА исто така го шпионирала, има каква било врска со Осама бин Ладен или со Ал Каеда.

Не е безедноста во западниот свет она што ги загрижува Американците. Тие всушност си ги штитат своите интереси, бескрупулозно целејќи за мала политичка предност во дипломатските договарања и во борбата за економски просперитет. Повикувањето за закана од тероризам одамна е смоквин лист за вообичаена и вкоренета шпионажа.

Во САД, оние кои се жалат, како оние кои се формулирани во овој уреднички коментар, се сметаат за наивни и забегани. Подложни се на потсмев. Но. ако наивноста значи дека некој се уште не се откажал од вербата во фер како основа за партнерство, тогаш и треба да се биде наивен. Тоа е исто подобро отколку патетичниот потег дека администрацијата на Меркел веќе со години е ставена под закрила на НСА: тоа распали бес во јавноста во врска со тактиките на САД.

Германската Влада се впушти во ѓаволски пакт со САД и нејзината орвеловска шпионска машина. Можеби ова е сторено од страв – страв да не се добијат потенцијално важни информации во врска со некој планиран напад. Но, со своето молчење, Меркел ја стави германската Влада како соучесник. Таа дозволи законот да биде прекршен, Таа исто дозволи принципите кои се каратеристика за отвореност и демократско општество да бидат компромитирани.

Германската Влада има погрешни приоритети. Не постои гарант за безбедноста. Стравот од напади не е причнната да се жртвуваат правните принципи.

Канцеларот мора на Вашингтон да му даде јасен знак на отпор. Германија мора да се ослободи од овој пакт со НСА. Во иднина, таа мора да ги напише правилата за соработка со разузнавачките агенции – што значи дека некои инфоркации нема повеќе да се споделуваат.

Тоа би било крај на соработката помеѓу двете земји, посебно за прашањата за трговија и надворешна политика. Германија и САД ќе имаат заеднички интереси во други области. Но, во моментов, не постои простор за односи повеќе од тоа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски