Меркел ја критикуваше најавата за анексија на Јорданската Долина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изречена минатата недела дека планира да ја анектира Јорданската Долина на Западниот Брег. Меркел потенцира дека таа изјава им нанесува штета на преговорите за мировен договор.

– Германската Влада ги поддржува меѓународните преговори за изнаоѓање мировно решение во смисла на решение за две држави. Анексиите се секогаш штетни за мировните решенија, изјави Меркел на денешната заедничка прес-конференција со јорданскиот крал Абдула.

– Планот кој го најави Нетанјаху е катастрофа за секаков обид за постигнување решение за две држави, истакна кралот Абдула.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски