Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп денеска имаа телефонски разговор пти што се согласија да истражат можна соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролот на германската Влада.
Меркел и Трамп се согласија да останат во близок контакт и да ги истражат можните начини на соработка, изјави портпаролот на германската Влада без да открие други детали.