Меркел и Ренци бараат дел од мигрантите да се вратат во своите земји

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија вчера да ги зајакнат напорите за мигрантите кои немаат право на азил во Европа да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.

– Сите ние во Европа мораме да работиме на репатријација на сите оние кои немаат право да останат. Незамисливо е да можеме сите да ги примиме, истакна Ренци по состанокот со Меркел во Маранел.

Меркел се согласи дека не можат сите мигранти да останат во Европа.

– И Италија го има истиот проблем, значи имаме заедничка агенда. Оние кои немаат право да останат, мораат да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат, нагласи германската канцеларка.

Таа укажа на договорот кој ЕУ и Турција го потпишаа во март, со цел да се запре приливот на мигранти во Европа, како пример како соработката може да помогне во спречувањето на илегалната миграција.

Меркел додаде дека би требало да се употребат економските влијанија со цел оние кои планираат да мигрираат да останат во нивните земји.

– Важно е да постигнеме договор со земјите од каде потекнуваат мигрантите, објасни Меркел, давајќи ги како пример договорите на Италија, Франција и Германија со Мали и Нигер со цел унапредување на економскиот раст во субсахарските земји.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто