Меркел и Оланд за продолжување на санкциите за Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјавија дека на претстојниот самит на Европска унија треба да се одлучи за продолжување на санкциите за Русија поради конфликтот во Украина.

– Мораме да продолжиме да ги применуваме условите од Договорот од Минск, а кога тие нема да се исполнат, мораме да продолжиме со санкциите, истакна Оланд на заедничката прес-конференција со Меркел.

Таа, пред состанокот со Олан во Берлин, наведе дека би требало да се продолжат санкциите кон Русија поради недостиг од напредок во примена на Договорот од Минск за прекин на огнот.

– Неопходно ќе биде повторно да се продолжат санкциите за Русија, иако би сакале поголем напредок во процесот на имплементација, посочи Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз