Меркел го откажа отворањето на изложба во Санкт Петербург

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел го откажа присуството на отворањето на изложба на уметнички слики во музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, предвидено за вечерва, откако меѓу Германија и Русија избувна нова расправија за сликите што некогашната советска војска ги зел од Берлин на крајот од Втората светска војна.

Некои од сликите кои се одземени од Берлин и префрлени во поранешниот Советски Сојуз се дел од новата изложба во Санкт Петебург, па Меркел сакаше во говорот при отварањето јавно да го покрене барањето за нивното враќање во Германија.

Меѓутоа, нејзиниот домаќин, рускиот претседател Владимир Путин се спротивстави на тоа, па германската страна се повлече од присуството на изложбата.

Веста за инцидентот и за одбивањето на Меркел да ја отвори изложбата во „Ермитаж“, доаѓа во време кога таа полета од Берлин кон Санкт Петербург, за да учествува во работата на Меѓународниот економски форум.

Предвидено е германскиот канцелар да зборува на форумот.

Двете земји од поодамна водат спор околу уметничкото богатство што советските војници го префрлиле во Германија. Никој точно не знае за колку слики и уметнички дела станува збор, но се проценува дека станува збор за „илјадници дела“.

Само од една галерија во Берлин се украдени преку 400 слики, меѓу кои и дела на Рубенс и на Караваџо. Берлин бара сликите да се вратат назад, но Русија ја отфрла таквата можност.

Москва вели дека сликите се наплатени „со крвата на совеските војници“ и посочува дека она што ги одзеле војниците на Наполеон, сега се чува во Лувр во Париз, а не се вратени ниту уметничките дела што германските нацистички војници ги одзеле од Русија.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година