Меркел: Европа во оваа ситуација мора да покаже единство

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го истакна значењето на единството на Европа во борбата против пандемијата на коронавирусот и најави дека целта на германското претседателство со ЕУ, од 1 јули, ќе биде да ја направи Европа поподготвена за 21-от век.

– Во наредните недели и месеци мора да покажеме дека сме единствени, дека можеме да ги надминеме штетите, економските последици од оваа криза и дека можеме да постигнеме се со цел Европа да ја надмине оваа ситуација, рече германската канцеларка во неделната порака.

Таа истакна дека после кризата е потребна програма за раст, поради што Германија многу повеќе ќе се ангажира околу буџетот на ЕУ, отколку досега.

Меркел рече и дека во претстојното претседателство на Германија со ЕУ на дневен ред ќе биде климата, но и здравството.

– Целта е по завршувањето на германското претседателство да имаме Европа која ќе биде поподготвена за 21-от век отколку што е денес, порача таа.

Би можело да ве интересира

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски