Меркел: ЕУ засега не може да склучи спогодба со Либија за реадмисија на бегалците

Од:

Европската унија треба да дејствува заеднички со Либија против нелегалната миграција, но засега не може да склучи спогодба за реадмисија на бегалците со таа земја, како онаа со Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во неделното видео обраќање, објвено денеска на владината веб страница.

– Секако дека би сакале да ја спречиме нелегалната миграција. И според нас тоа е во интерес на самите бегалци, рече Меркел и напомена дека минатата година во Средоземното Море се удавиле над четири илјади лица, од кои повеќето на пат од Либија за Италија.

Според неа тоа наложува потесна соработка со Либија во борбата против нелегалната миграција, но засега ситуацијата не и овозможува на ЕУ да склучи со либиските власти спогодба, како таа со Турција.

– Тоа ќе биде можно кога ќе се подобри политичката ситуација во Либија, кога владата на национално единство навистина ќе стане влада и ќе ја преземе контролата во целата земја, додаде Меркел.

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз