Меркел: ЕУ и Турција треба да го почитуваат договорот за мигрантите

Од:

ЕУ и Турција треба да ги почитуваат меѓусебните обврски кои произлегуваат од договорот за запирање на мигрантскиот прилив, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во обид да ги намали тензиите кои настанаа по усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламентм со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Анкара во Унијата.

Европарламентот во четвртокот ја усвои резолуцијата за замрзнување на преговорите зе членство на Турција во ЕУ, во знак на протест поради чистките во земјата, по неуспешниот обид за преврат.

Во одговор на резолуцијата, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани дека ќе ги отвори границите кон ЕУ за мигрантите, кои со договорот со Унијата, Турција се обврза да ги задржи на своја територија во замена за забрзување на преговорите за членство во ЕУ, визна либерализација за Турците и финансиска помош.

– Договорот со Турција за бегалците, според мене, е од взаемен интерес за двете страни. Затоа ние како Европејци треба да ги почитуваме нашите обврски, а и Турција треба да го прави истото, истакна Меркел.

На прашањето дали постои „план Б“ во случај да пропадне договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција, Меркел наведе дека Унијата засега нема нешто такво.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски