Меркел: Договор со Турција ќе внесе ред во миграцискиот поток

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека договор меѓу ЕУ и Турција ќе помогне миграцискиот поток да биде ставен во правна рамка, наместо неконтролираниот прилив во моментот.

– Основен дел од тој план за дејствие меѓу ЕУ и Турција ќе биде како можеме да ја замениме илегалната миграција со легална миграција, како можеме да ја подобриме положбата на бегалците внатре во Турција, рече Меркел.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер исто така говореше пред средбата, истакнувајќи дека ЕУ треба да постигне договор со Турција за разрешување на имигациската криза.

– Само ние заедно ќе можеме да ги запреме миграциските потоци. Ни треба договор со Турција, рече Јункер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека никаков договор со Турција нема да е доволен, за да Европа се справи со најтешката имиграциона криза по Втората светска војна, ако Унијата не ги контролира строго надворешните граници.

– Без контрола на надворешните граници, Шенген ќе стане историја, рече Туск.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени