Меркел: Алепо е срам за меѓународната заедница

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени денеска дека е срамота што меѓународната заедница не е во состојба да го олесни страдањето во сирискиот град Алепо, кој е под опсада.

– Алепо е срам. Срамота е што не успеавме да воспоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа, истакна Меркел при обраќањето кон нејзините сопартијци.

Русија и Кина вчера ставија  вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која би се побарало седумдневно примирје во сирискиот град Алепо, при што Русија тврди дека со тоа на бунтовниците би им се овозможило да се прегрупираат и дека е потребно време за разговори меѓу Вашингтон и Москва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Германската полиција спречи можен масакр во Хамбург

(ВИДЕО) Германија: Полиција застрела маж кој се обидел да нападне минувачи со секира близу фан зоната со холандски навивачи

Горан Наумовски

Неколкумина навивачи се ранети во инцидент во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски

Ројтерс: Германија ја спречи ЕУ да се договори за нов пакет санкции против Русија

Мистерија во Германија: Морничава сцена на игралиште, пронајден крвав фустан на девојче

Предраг Петровиќ

Тројца мажи и жена мачеле девојката со часови, ја врзале и ја фрлиле во река во Долна Саксонија

Горан Наумовски