Мерц: САД агресивно ги следат своите интереси, Германија мора да ги следи своите

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Американците многу агресивно ги следат своите интереси, поради што и Германија мора да ги следи своите.

„Децениите Pax Americana се завршени за нас. Носталгијата нема да помогне. Тоа е факт. Американците сега многу агресивно ги следат своите интереси, и затоа ние сега мора да ги следиме нашите“, рече Мерц, според дневниот весник „Билд“.

Според него, ќе бидат потребни многу години за Германците да ги разберат димензиите на она што се случува во светот денес.

Би можело да ве интересира

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили