Мерц: Безбедноста на Украина и Европа мора да биде приоритет во разговорите Трамп-Путин

Од:

Германскиот канцелар Фридрик Мерц изјави во петокот дека европските лидери сакаат американскиот претседател Доналд Трамп да успее за време на неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петокот, велејќи дека европската и украинската безбедност мора да бидат приоритет во преговорите.

„Му го ставивме тоа јасно до знаење на Трамп. Првото нешто што мора да се дискутира е прекин на огнот“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и европските лидери, објави Ројтерс.

Мерц рече дека стои зад ставот на Европа дека границите не треба да се менуваат со сила и дека нема разговор за признавање на територии контролирани од Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски