Меланија Трамп не сака да се слушне со Џил Бајден

Од:

Меланија Трамп, првата дама на САД ги следи стапките на сопругот Доналд Трамп. Таа одлучила да не оствари телефонски разговор со идната прва дама Џил Бајден, објави денес Дејли Експрес, повикувајќи се на извори на Дејли Меил.

Трамп не ја признава победата на Бајден на изборите, а претседателот на САД, според извори на Си-Ен-Ен, засега нема намера да го прими Џо Бајден во Белата куќа.

Дејли Меил додава дека Џил веќе има направено распоред за идните активности.

„Таа е фокусирана на градење на нејзиниот тим и план за остварување на приоритетите во образованието, семејствата на војниците и ветераните, како и борба против ракот“, рече Мајкл де ла Роса, портпарол на Џил Бајден.

Додава дека таа изразила желба да продолжи да работи како наставник.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска