Мејџор: Шкотланѓаните се заведени и измамени од националистите

Од:

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор изјави дека Шкотланѓаните се „заведени и измамени“ од шкотските националисти во врска со независноста на земјата и отцепувањето од Велика Британија.

Во интервју за Си-Ен Ен, Мејџор рече дека откако е започната кампањата за утрешниот референдум, луѓето „лажно се уверуваат“ дека се ќе биде во ред и тоа преку ноќ, доколку Шкотска се отцепи.

Според поранешниот премиер, лажни ветувања им се даваат и кога станува збор за ЕУ и за НАТО, а и кога станува збор за економската иднина на Шкотска.

– Им велат дека како независна држава, земјата директно ќе стане членка на ЕУ. Во Брисел велат дека тоа нема да биде така, а националистите тогаш ќе ја обвинуваат ЕУ дека лаже. Ги уверуваат гласачите дека веднаш ќе влезат и во НАТО, а тоа е сосема малку веројатно, според она што порачуваат од Алијансата, рече Мејџор.

Тој го смета како „апсурдно и крајно неодговорно“ на еден ден до гласањето на референдумот, луѓето во Шкотска да не знаат која валута ќе ја користат како независна држава.

Мејџор апелираше до Шкотланѓаните да ги отфрлат лагите на националистите и нивните лажни ветувања, за да не дозволат да се растури една успешна унија, во која преку три века заеднички живеат и работат Шкотланѓаните и Англичаните и да ја прифатат понудата на трите главни и најголеми британски партии,за измена на деволуцијата и за проширување на овластувањата на Парламентот во Единбург.

– Повеќе од 800 илјади Шкотланѓани живеат во Велика Британија, надвор од Шкотска. Зарем ќе дозволиме сите тие од петок да бидат третирани како странци, рече Џон Мејџор за Си-Ен-Ен.

Мејџор беше британски премиер од 1990 до 1997 година, откако ја наследи на функцијата Маргарет Тачер. Тој беше поразен од лабуристите предводени од Тони Блер, по што се повлече од активната политика.

Додека беше во Даунинг стрит 10, Мејџор не се согласуваше да се возобнови работата на шкотскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски