Меј: И покрај Брегзит, Велика Британија останува посветена на безбедноста на Европа

Од:

Британската премиерка Тереза Меј се обврза дека и покрај напуштањето на Европската унија, Велика Британија ќе остане посветена на заштитата на европските држави од руска воена агресија и други закани како илегалната миграција или кибер нападите.

Меј ги посети британските војници распоредени во близината на градот Тапа во Естонија, во заедничка посета со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Кога држава како Русија намерно ги прекршува правилата врз кои е заснован меѓународниот поредок, што напорно го изградивме, тогаш ние мораме да застанеме заедно со нашите сојузници и да го браниме меѓународниот систем. Обединетото Кралство е безусловно посветено на одржување на безбедноста на Европа, изјави Меј.

Естонија, која претседарелствува со Европскиот совет, организира самит за дигитална економија, при што повеќе европски лидери ја искористија можноста да ги посетат своите војници распоредени во рамките на четирите борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска. Тапа е седиште на најсеверната од четирите борбени групи, каде се распоредени војници од Велика Британија, Франција и Данска.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он