Медведев: Со нетрпение го очекуваме економскиот колапс на Германија поради нејзините глупави политики

Од:

Кратковидната политика на Берлин наскоро би можела да доведе до економски колапс на Германија, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

„Вампир по име Вадефул вели дека повеќе не очекува целосен пораз на Русија затоа што поседува нуклеарно оружје. А ние нетрпеливо го очекуваме економскиот колапс на Германија поради нејзината глупава политика“, напиша тој на социјалната мрежа „X“ во врска со интервјуто на германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул со германските медиуми.

Вадефул претпостави дека конфликтот во Украина ќе се реши преку преговори, затоа што не треба да се очекува целосен пораз, ниту капитулација на Русија, која поседува нуклеарно оружје, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Протести ќе има во Германија, луксузните продавници се подготвуваат за нереди

Катерина Ѓуровски

Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија

А1он

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски