Медведев: „Сите срамно молчат за барањето на Израел за евакуација“

Од:

Западните земји срамно молчат за барањето на Израел за евакуација на повеќе од милион жители на Газа, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија.

„Повеќе од милион жители на Газа треба итно да бидат евакуирани на југот на Појасот на барање на израелската армија. Сите „западни партнери“ срамно молчат. Се прашувам, каква би била нивната реакција на слично барање до режимот во Киев за евакуација на еден од поголемите градови?“, напиша Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм.

Претходно, израелските одбранбени сили ги повикаа цивилите да се евакуираат од градот Газа на југ. Израелската армија вети дека граѓаните на Газа ќе можат да се вратат во своите домови и дека ќе биде издадено соодветно известување.

Израелската армија исто така нагласи дека жителите не треба да се приближуваат до зоната на безбедносната ограда на границата со Израел. Во соопштението се тврди и дека борците на Хамас се кријат во тунелите под куќите и зградите во Газа.

Од друга страна, лидерите на Хамас го повикаа населението во северниот дел на Појасот Газа да не се евакуира, оценувајќи го повикот на Израел како психолошка војна.

Во исто време, на социјалните мрежи се објавени контрадикторни информации, бидејќи има видеа за кои се тврди дека покажуваат масовно бегство од северот на Газа, како и оние кои тврдат дека жителите не сакаат да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави