Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа

Од:

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека искуствата од Потсдамската конференција од 1945 година сè уште можат да се применат на моменталната состојба во Украина денес, оценувајќи дека земјата, покрај демилитаризацијата, денацификацијата и демократизацијата, има потреба и од „депаразитизација“.

Во интервју за рускиот Тас по повод 80-годишнината од почетокот на Потсдамската конференција, Медведев оцени дека поранешните сојузници на Советскиот Сојуз ги прекршиле одлуките донесени кратко по војната и ја продолжиле својата долгогодишна политика на непријателство кон Русија.

Коментирајќи ги критериумите „три Д“ (демилитаризација, денацификација и демократизација) што беа применети кон Германија по војната, Медведев оцени дека овие принципи се релевантни и за денешна Украина.

„Денес, елементи на отворен нацизам се присутни во Украина – симболи, идеолози, реторика на омраза. Милитантните формации добија политичка улога и честопати не се под целосна државна контрола. Покрај тоа, владата во Киев станува незаменлива, опозицијата е прогонувана, а слободата на медиумите е речиси непостоечка“, рече Медведев.

Тој го обвини Западот дека не извршил вистинска денацификација на Германија дури ни по Втората светска војна, наведувајќи дека многу нацистички злосторници останале неказнети или брзо биле амнестирани.

„Западните елити направиле сè за да ја зачуваат нацистичката идеологија. На власт во Германија денес сè уште има луѓе кои се горди на своите нацистички предци, а реториката на функционери како што се министерот за одбрана Писториус и канцеларот Мерц потсетува на минатите времиња“, рече Медведев.

Тој додаде дека Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа, велејќи дека тврдењата за спротивното се бесмислици што намерно се шират со цел да се дестабилизира ситуацијата.

„Овие факти мора да бидат познати на јавноста. Бидејќи главниот судија за нацистите не била историјата, туку војник на Црвената армија“, заклучи Медведев, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Русија е закана за националната безбедност на САД

Горан Наумовски

Украинците се евакуираат од Херсон, Русите опколуваат четири града

Трамп: Остварен е голем напредок, Вашингтон сè уште планира да продолжи со таканаречените „секундарни“ санкции во петок

Горан Наумовски

Рубио за санкциите против Русија: Очекуваме соопштение денес, вестите би можеле да бидат позитивни

Горан Наумовски

Откриени се детали од средбата на Путин и Виткоф која траеше три часа зад затворени врати

Медведев: Нашите предупредувања беа игнорирани, очекувајте понатамошни чекори