Медведев: Русија е на историска пресвртница

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека актуелната криза во развојот на Русија може да биде надмината со заеднички напори на различни политички сили, бидејќи општото добро е над одделните политички поени.

– Можеме да припаѓаме на различни страни и да имаме различни политички ставови, но имаме заедничка цел, нашата земја да помине низ оовј тежок период и да стане економски силна и модерна, истакна Медведев пред Државната дума.

Тој потенцира дека Русија се наоѓа на историска пресвртница и оти земјата никогаш претходно не се соочила со слични предизвици, како што се економските санкции и падот на цената на нафтата.

– Никогаш не сме се соочиле со низа слични предизвици. Најновиот бран санкции може да биде најлош досега. Немаме видено ситуација во која неколку фактори дејствуваат во исто време, посочи Медведев.

Тој припојувањетоо на Крим кон Русија го спореди со падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, оценувајќи дека станува збор за историски настани.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија