Медведев: Набавуваме ново високопрецизно оружје, залудно се надеваат

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска преку Телеграм најави продолжување на воздушните напади врз Украина. Медведев тврди дека се во процес на набавка на дополнителни количества ракети со висока прецизност.

„За време на посетата на државното претпријатие за истражување и производство, разговаравме за зголемување на снабдувањето со високопрецизно оружје за вооружените сили на Русија. Непријателите продолжуваат внимателно да ги пресметуваат нашите лансирања и нашите резерви. Залудно се надеваат дека ќе ги исцрпиме нашите способности.“ рече Медведев.

Руските сили сè повеќе ја гаѓаа украинската инфраструктура во последните неколку недели бидејќи се соочуваат со неуспеси на бојното поле по инвазијата на 24 февруари. Така и денеска Русија повторно ракетираше делови од Украина, поради што беше издадено предупредување за воздушен напад за целата земја, а експлозии на ракети за противвоздушна одбрана одекнаа низ цела Украина.

Поради руските напади, снабдувањето со електрична енергија на околу 10 милиони потрошувачи беше подолго време во прекин. Во исто време, националниот оператор на Украина, кој ја снабдува земјата со електрична енергија, објави дека ќе мора да прибегне кон дополнителни прекини на струја низ целата земја.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков